Фабрегас е опција за тренерската позиција во РБ Лајпциг
- Двократниот европски шампион Фабрегас моментално е тренер на италијанскиот клуб Комо.

Лајпциг, 10 април 2025 (МИА) - Шампионот од Светското првенство во 2010 година со шпанската фудбалска репрезентација, Цеск Фабрегас, е опција за тренерската позиција во РБ Лајпциг за следната сезона, пренесе германското издание „Лајпцигер Фолксцајтунг“, истакнувајќи ги добрите односи меѓу Фабрегас и еден од шефовите на Ред Бул, Оливер Минцлаф.
Двократниот европски шампион Фабрегас моментално е тренер на италијанскиот клуб Комо.
На тренерската позиција во РБ Лајпциг моментално е Золт Лев, кој беше назначен по отказот на Марко Розе минатиот месец, но клубот е во потрага по нов тренер за претстојната сезона.
На листата на кандидати, според извештаите, се менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, тренерот на Сент Паули, како и Роџер Шмит, кој моментално е без клуб. дс
Фото: Архива