• вторник, 23 јули 2024

Вардар поразен во Ѓорче, Работнички и Струга ремизираа

Вардар поразен во Ѓорче, Работнички и Струга ремизираа
Скопје, 19 септември 2020 (МИА) – Македонија ЃП го победи Вардар, додека Работнички и Струга Трим Лум одиграа без победник во саботните два натпревара од 6.коло во Првата македонска фудбалска лига. Постигнати резултати: Македонија ЃП – Вардар 2:1 Работнички – Струга Трим Лум 1:1. Утре играат: Беласица – Пелистер Шкендија – Академија Пандев Шкупи – Ренова Силекс – Борец. Табела во пресрет на утрешните мечеви од 6. коло: Шкендија 11 бода, Силекс 10, Шкупи 10, Македонија ЃП 10, Работнички 9, Борец 8, Вардар 7, Пелистер 6, Ренова 5, Академија Пандев 3, Беласица 0. зс/

Остани поврзан