• сабота, 16 ноември 2024

Ванковска под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“ ја започна кампањата за претседател

Ванковска под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“ ја започна кампањата за претседател

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“ професорката Билјана Ванковска денеска официјално ја започнува кампањата за претседател.

Ванковска ветува чесна и интересна битка, во најмала рака, како што вели, дебата која нема никому да биде досадна, барем кога таа ќе презентира.

- Најавив и останувам на тоа дека ќе бидам една и единствена, која ќе се разликува по она што го нуди, по начинот на кој го презентира, аргументите кои ќе ги приложам притоа и визијата за една поинаква Македонија...На крајот од оваа кампања верувам дека никој нема да има дилема за тоа за што се залага Билјана Ванковска, заедно со Левица, порача Ванковска.

На гласачите им порача да не дозволат да бидат заблудени дека 24 април е предјадење, а главното јадење на 8 мај, нагласувајќи дека имаат можност да гласаат за личности, а не за партии, укажувајќи дека сепак од седум кандидат, шестмина собрале поддршка и легитимитет од граѓаните.

- Убедена сум дека личноста ја прави функцијата, особено кога станува збор за функција што ја врши еден човек. Тој човек може да остави свој белег, со начинот на кој ќе ја исполни со жив дух таа една функција која мнозина ја потценуваат, нагласи Ванковска.

Кампањата, појаснува Ванковска, ќе биде скромна, согласно своите можности. Со кампањата тргнуваат од Струмица, а како што е најавено ќе завршат со настан во Скопје. аа/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан