Ванг Ји: Кина нема да престане да купува руски гас
- Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, денеска изјави дека ги поздравува напорите за ставање крај на војната во Украина, но дека Пекинг не е подготвен да изврши притисок врз Москва со запирање на купувањето руски гас.
![Ванг Ји: Кина нема да престане да купува руски гас](https://mia.mk/images/20250214165131_big_730x400_60.webp )
Минхен, 14 февруари 2025 (МИА) - Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, денеска изјави дека ги поздравува напорите за ставање крај на војната во Украина, но дека Пекинг не е подготвен да изврши притисок врз Москва со запирање на купувањето руски гас.
-Ако Кина не купува гас од Русија, која земја може да ги задоволи потребите на кинескиот народ со доволно гас?, праша тој на Минхенската безбедносна конференција. „Мораме да бидеме одговорни пред нашиот народ“, додаде тој.
Шефот на дипломатијата ги опиша односите со Русија како „стратешко партнерство засновано на взаемна доверба“. мс/
фото: МИА архива