• петок, 22 ноември 2024

Ванг: САД да ги укинат санкциите кон Кина

Ванг: САД да ги укинат санкциите кон Кина
Пекинг, 22 февруари 2021 (МИА) - Шефот на кинекската дипломатија Ванг Ји денеска го повика американскиот претседател Џо Бајден да ги укине трговските санкции кон Кина, да овозможи директни контакти и да престане да се меша во внатрешните работи на Кина во Тајван, во Хонг Конг, во Сиџијанг и во Тибет. - Се надеваме дека тие што во САД носат политички одлуки ќе бидат во чекор со времето, ќе ги согледаат светските трендови, ќе престанат да бидат пристрасни и ќе ја вратат својата политика кон Кина во разумни рамки за да се обезбеди здрав и постојан развој на кинеско-американски односи, истакна Ванг. Со одлука на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во 2017 годинна зголемени се царините за увоз на кинеските производи, наметнати се рестриктивни мерки за кинеските технолошки компании и забранета е академска размена, а Кина е обвинета за кражба на американската технологија. Покрај тоа Трамп ја интезивира воената и дипломатската соработка со Тајван, санкционира кинески владини претставници поради кршење на човековите права на Ујгурите и поради задушување на слободата во Хонг Конг. ми/

Тагови

Остани поврзан