Ванг: Кина ги повикува САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции
- инескиот министер за надворешни работи Ванг Ји му порача на својот ирански колега во телефонски разговор дека Пекинг го поддржува Техеран во одбраната од нападите на САД и Израел во услови на проширување на војната на Блискиот Исток. Преку серија разговори со колеги од Иран, Оман и Франција, Ванг го пренесе ставот на Кина за ескалацијата на конфликтот.
Пекинг, 2 март 2026 (МИА) - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји му порача на својот ирански колега во телефонски разговор дека Пекинг го поддржува Техеран во одбраната од нападите на САД и Израел во услови на проширување на војната на Блискиот Исток. Преку серија разговори со колеги од Иран, Оман и Франција, Ванг го пренесе ставот на Кина за ескалацијата на конфликтот.
Во разговор со иранскиот министер Абас Арагчи, Ванг истакна дека Пекинг „го негува традиционалното пријателство меѓу Кина и Иран“. Според извештајот на државниот радиодифузер ЦЦТВ, тој додаде: „Ние го поддржуваме Иран во одбраната на неговиот суверенитет, безбедност, територијален интегритет и национално достоинство, како и во заштитата на неговите легитимни права и интереси“.
Ванг објави дека Кина ги повикува САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции. „Ги повикуваме САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции, да избегнат понатамошна ескалација на тензиите и да спречат ширење на конфликтот во целиот регион на Блискиот Исток“, рече Ванг, според ЦЦТВ.
Во одделен разговор со министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Албусаиди, Ванг ги обвини САД и Израел за „намерно поттикнување војна против Иран“, со што „се кршат целите и принципите на Повелбата на ОН“. Тој порача дека Кина е подготвена да преземе активна улога во решавањето на кризата.
„Кина е подготвена да игра конструктивна улога, залагајќи се за правда, мир и запирање на војната преку платформата на Советот за безбедност на ОН“, му рече Ванг на Албусаиди. рп/
Фото: ЕПА