• вторник, 16 април 2024

Важен триумф на МЗТ Скопје Аеродром над Задар во битката за опстанок во АБА лигата

Важен триумф на МЗТ Скопје Аеродром над Задар во битката за опстанок во АБА лигата

Скопје, 31 март 2023 (МИА) – Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ги задржаа минималните шанси за опстанок во АБА лигата, откако вечерва пред своите навивачи во рамки на 24. коло го совладаа Задар со 84-80 (52-39).

Македонскиот шампион до петтиот триумф сезонава во регионалната лига го предводеше Американецот Мајкл Кефи со 21 поени, додека Страхиња Мицовиќ уфрли шест помалку.

На две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната последнопласираниот МЗТ Скопје сега е на една победа помалку од директниот конкурент во битката за опстанок Борац, кој претходно вечерва загуби на гостувањето од Сплит со 113-99.

За да го избегне последното место на табелата и да обезбеди плејоф за опстанок во АБА лигата на МЗТ Скопје ќе му биде потребно да триумфира во преостанатите два натпревари против Сплит на гостински терен и против Цибона во Скопје, додека чачански Борац да загуби од Црвена ѕвезда и Будуќност. ег/дма/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан