• петок, 05 декември 2025

Вадефул: Преговорите за решение со две држави мора да почнат веднаш

Вадефул: Преговорите за решение со две држави мора да почнат веднаш

Берлин, 31 јули 2025 (МИА) – Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, денеска изјави дека преговорите за решение со две држави меѓу Израел и Палестинците мора „да почнат веднаш“.

Тој предупреди дека Берлин може да одговори на „еднострани чекори“ во процесот, нагласувајќи дека таквото решение останува единствен начин за постигнување траен мир, безбедност и достоинство за луѓето од двете страни.

- Признавањето на палестинската држава доаѓа повеќе на крајот од преговорите, но тие преговори мора да почнат сега, рече Вадефул, кој денеска отпатува во посета на Израел и палестинските територии. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан