БЏК Куп: Италија ја почнува одбраната на титулата против Кина
- Италија, предводена од петтата светска тенисерка Јасмин Паолини, ќе ја почне одбраната на титулата во Купот „Били Џин Кинг“ во септември против Кина, земјата домаќин на финалето на ова натпреварување, одлучи денешната жрепката во Шенжен.
Шенжен, 12 мај 2025 (МИА) – Италија, предводена од петтата светска тенисерка Јасмин Паолини, ќе ја почне одбраната на титулата во Купот „Били Џин Кинг“ во септември против Кина, земјата домаќин на финалето на ова натпреварување, одлучи денешната жрепката во Шенжен.
Победникот од овој четвртфинален дуел ќе игра во полуфиналето против Украина или Шпанија. Во другиот дел од табелата, во четвртфиналето ќе се соочат САД – Казахстан и Јапонија – Велика Британија.
Финалето на БЏК Купот ќе се одржи од 16 до 21 септември во Шенжен, кој е домаќин на натпреварувањето за прв пат.
Италија ја освои титулата минатата година, совладувајќи ја во финалето Словачка со 2-0. ег
ФОТО: ЕПА