• недела, 06 октомври 2024

Бјоркгрен нов тренер на Индијана

Бјоркгрен нов тренер на Индијана
Индијанаполис, 21 октомври 2020 (МИА) – НБА лигашот Индијана пејсерс го назначи Нејт Бјоркгрен за нов главен тренер на тимот. Четириесет и петгодишниот кошаркарски стручњак претходно беше дел од стручниот штаб на Феникс санс и Торонто репторс, а во 2019 година стана шампион во НБА, заедно со канадскиот клуб како асистент на тренерот. Поранешниот тренер на Индијана, Нејт Мекмилан доби отказ откако тимот поразен во првото коло од плејофот во НБА-лигата 2019/20 од Мајами (0:4 во серијата). зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан