• вторник, 14 мај 2024

Буџетот на Трамп за кампањата по јануари уште повеќе заостанува зад Бајден

Буџетот на Трамп за кампањата по јануари уште повеќе заостанува зад Бајден

Вашингтон, 21 февруари 2024 (МИА) - Изборниот штаб на поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека собрале 8,8 милиони долари во јануари, а потрошиле повеќе од 11 милиони долари.

„Доналд Трамп финансиски заостанува зад Џо Бајден, бидејќи потрошил повеќе на реклами и други трошоци отколку што собрал од донаторите“, покажуваат документите објавени во вторникот.

Трамп имаше нешто повеќе од 30 милиони долари на крајот на минатиот месец по успешните републикански прелиминарни избори во Ајова и Њу Хемпшир, што е помалку од 33 милиони долари што ги имаше еден месец претходно, соопшти неговиот изборен штаб во поднесоците до Федералната изборна комисија.

Бајден јануари го завршил со 56 милиони долари наспроти 46 милиони долари во декември минатата година.

Трамп и претходно покажа дека може да победи на изборите и кога неговите ривали трошат повеќе од него, како што беше случајот со Хилари Клинтон во 2016 госина.

Според националните анкети, Трамп и Бајден се во тесна трка и се очекуваат неизвесни избори во ноември. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан