• понеделник, 25 ноември 2024

Бускетс би можел да остане во Барселона доколку Меси се врати

Бускетс би можел да остане во Барселона доколку Меси се врати

Барселона, 16 април 2023 (МИА) - Фудбалерот и капитен на Барселона, Серхио Бускетс сè уште не го обновил договорот со тимот, бидејќи се сомнева дека сака да продолжи да игра во клубот.

 

„Мундо Депортиво“ пишува дека враќањето на Лионел Меси може да влијае на ситуацијата. Тие имаат добри односи, па Бускетс можеби ќе сака да остане и да игра со Аргентинецот.

 

Договорот на Шпанецот со Барселона истекува во јуни оваа година. Претходно беше објавено дека каталонскиот клуб му понудил нов договор со намалување на платата за 75 отсто - од 30 милиони на 7-8 милиони евра годишно.

 

Триесет и двегодишниот Бускетс е актуелен капитен на Барселона. Тој е во структурата на клубот од 2005 година и оттогаш успеа да одигра 715 натпревари за првиот тим, со што е еден од водечките по овој показател. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан