• недела, 22 декември 2024

Бурата „Борис“ предизвикува поплави и свлечишта во Италија

Бурата „Борис“ предизвикува поплави и свлечишта во Италија

Рим, 19 септември 2024 (МИА) - Домови се евакуираат во северниот италијански регион Емилија-Ромања, откако бурата „Борис“, која од минатата недела усмрти најмалку 24 лица во централна и источна Европа, го зафати регионот, предизвикувајќи сериозни поплави и свлечишта.

Силни дождови ја погодија Емилија-Ромања вчера доцна попладне, а ситуацијата брзо се влоши со доаѓањето на ноќта. Градоначалникот на Модиглијани, Џадер Дарди, изјави дека реката „експлодирала“. - Ситуацијата е многу драматична. Полошо е од 2023 година, рече тој.

Во градот Брисигела, поплавите ги зафатија местата долж реката Марзено. Граѓаните се повикани да ги евакуираат своите домови, а евакуираните ќе бидат сместени во локалното училиште.

На повеќе места во Емилија-Ромања, вклучувајќи ја и Болоња, водостоите се зголемуваат, а локалните власти издадоа наредби за евакуација.

Силно невреме се очекува во наредните 24-36 часа. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан