• понеделник, 23 декември 2024

Бугарија очекува летово да пречека за пет отсто повеќе туристи отколку во 2019 година

Бугарија очекува летово да пречека за пет отсто повеќе туристи отколку во 2019 година

Варна, 20 април 2023 година (БТА) - Податоците и информациите што ги добиваме за претстојната летна сезона се позитивни и очекуваме да ја надминеме 2019 година со раст од пет проценти, изјави денеска министерот за туризам Илин Димитров, во одморалиштето Албена.

Тој појасни дека тоа била и главната задача на министерството - да се стабилизира секторот и да има раст.

Туристичкиот сектор е многу флексибилен и не толерира вакуум, а пазарите кои беа заборавени се повратија во Бугарија, додаде тој. Според него, многу туристи се очекуваат од традиционалните пазари, но и од оние во развој - Полска и Чешка.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Расте и пазарот во Велика Британија. Германскиот пазар, кој имаше сериозен пад, малку по малку закрепнува, посочи министерот и додаде дека очекува раст од околу 25 проценти во однос на претходната година.

Димитров додаде дека и податоците од аеродромите се добри и очекува релативно долга летна сезона, која како и секоја година ќе трае до крајот на септември. Според него, прашањето не е да се полнат хотелите во јуни, јули и август, туку веќе во мај да има добра исполнетост.

Министерот коментираше и дека предизвик останува добивањето крилја на сезоната. Тој додаде дека ќе апелира до пратениците да го поддржат буџетот на министерството за да може да се обезбедат средства за чартер летови бидејќи, според него, оваа мерка била клучна и всушност ја користат сите соседи.

Министерот кажа и дека е пријатно изненаден од флексибилноста на секторот, кој всушност почнал да работи поинаку и да користи многу повеќе дигитални технологии, да се рекламира, и тоа добро.

Димитров потсети дека земјата ја заврши многу добрата зимска сезона и покрај недостатокот на снег. Според него, во изминатата зимска сезона за девет проценти се надминати нивоата од пред пандемијата во 2019 година.

За време на велигденските празници Бугарија ја посетија повеќе од 100.000 туристи од странство, а голем дел од нив беа и од Романија, додаде министерот.

 

______________________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан