• сабота, 21 септември 2024

Бројот на загинати во нападот на Бејрут се зголеми на 12

Бројот на загинати во нападот на Бејрут се зголеми на 12

Бејрут, 20 септември 2024 (МИА) – Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 12 лица загинале а 66 се повредени, од кои девет се во критична состојба, во денешниот изралески напад врз Бејрут.

- Отстранувањето на урнатините сè уште трае, се вели во соопштението.

Денешниот израелски напад врз Бејрут следеше откако Хезболах истрела ракети на северот на Израел и во време кога се очекува одмазда во тој регион, бидејќи лидерот на таа шиитска организација Хасан Насрала се закани за овонеделните експлозии на илјадници пејџери и токи-воки.

Јужните предградија на Бејрут биле нападнати за време на сообраќајниот метеж, кога вработените се враќале од работа, а учениците од училиште. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан