• сабота, 04 јануари 2025

Брод потона во близина на Лампедуза, 20 мигранти се водат како исчезнати

Брод потона во близина на Лампедуза, 20 мигранти се водат како исчезнати

Рим, 1 јануари 2025 (МИА) – Дваесет мигранти исчезнаа денеска во близина на италијанскиот остров Лампедуза, откако потона брод од кој беа спасени седум лица, меѓу кои и осумгодишно дете од Сирија, јави италијанската агенција Анса.

Италијанската крајбрежна стража трага по исчезнатите лица, меѓу кои има пет жени и три деца.

Бродот тргнал од Либија, а седуммината спасени се Сиријци, Суданци и Египќани.

Градоначалникот на Лампедуза, Филипо Манино, изрази надеж дека оваа трагедија е навистина последна, истакнувајќи дека се случила среде новогодишната прослава.

Повеќе од 2.000 мигранти загинале или исчезнале додека се обидувале да го преминат централното Средоземно Море, кое е најсмртоносната миграциска рута во светот. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан