• понеделник, 30 декември 2024

Британскиот премиер во еднодневна посета на Брисел бара подобри односи со ЕУ

Британскиот премиер во еднодневна посета на Брисел бара подобри односи со ЕУ

Брисел, 2 октомври 2024 (МИА) – Британскиот премиер Кир Стармер денеска престојува во еднодневна посета на Брисел со цел да ги поправи односите со Европа кои беа нарушени по Брегзит, пренесе Бета

Стармер планира да ги фокусира своите разговори на безбедноста, миграција и трговија. Тој треба да разговара со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

- Велика Британија несомнено е посилна кога работи со своите најблиски меѓународни партнери. Ова никогаш не било поважно од денес, бидејќи војната, конфликтот и несигурноста тропаат на вратата на Европа, рече Стармер во изјава објавена од неговиот кабинет пред посетата.

Стармер рече дека е „решен да ги остави годините на Брегзит зад нас и да воспостави попрагматични и позрели односи со Европската унија“.

- Подобрата соработка ќе донесе безбедност на нашите граници, наша безбедност и стимулирање на економскиот раст, додаде тој.

Откако ја презеде функцијата во јули, Стармер вети дека ќе ги намали некои од бариерите по Брегзит за луѓето и стоките што ги оштетија врските меѓу Британија и ЕУ. Сепак, Стармер сè уште инсистира на тоа дека нема да го поништи Брегзит, ниту пак да се приклучи на единствениот пазар и царинската унија на ЕУ. јт/

Остани поврзан