• сабота, 27 јули 2024

Британскиот министер за имиграција Роберт Џенрик поднесе оставка

Британскиот министер за имиграција Роберт Џенрик поднесе оставка

Лондон, 6 декември 2023 (МИА) - Британскиот министер за имиграција Роберт Џенрик поднесе оставка откако владата го објави нацрт-законот со кој ќе се овозможи барателите на азил да бидат испратени во Руанда во една насока, изјави денеска министерот за внатрешни работи Џејмс Клеверли.

„Неговата оставка е потврдена“, рече Клеверли, одговарајќи на прашање на член на парламентот.

Предлог-законот е дел од плановите на британската влада за надминување на блокадата на Врховниот суд на Велика Британија за политиката кон Руанда. зш/

Остани поврзан