• недела, 22 декември 2024

Британскиот милијардер Ретклиф даде официјална понуда за купување на Манчестер јунајтед

Британскиот милијардер Ретклиф даде официјална понуда за купување на Манчестер јунајтед

Манчестер, 18 февруари 2023 (МИА) - Нафтена компанија „ИНЕОС“ во сопственост на британскиот милијардер Џим Ретклиф, даде официјална понуда за купување на Манчестер јунајтед.

- Потврдуваме дека Сер Џим Ретклиф и „INEOS“ дадоа понуда за купување на Манчестер јунајтед. Се гледаме себеси како долгогодишни чувари на клубот во име на навивачите и јавноста. Амбициозни сме и посветени да инвестираме во Манчестер јунајтед за повторно да го направиме најдобриот тим во светот. Сакаме да помогнеме да се започне со пишување ново поглавје во историјата на англискиот фудбал и да го направиме Манчестер јунајтед репер за модерен, фан-центриран и прогресивен пристап кон клупското управување. Ние сме фокусирани на освојување на Лигата на шампионите, стои во соопштението на „ИНЕОС“.

Сумата што ја нуди INEOS не е наведена. Претходно беше објавено дека шеикот од Катар, Јасим бин Џабер Ал Тани, кој исто така тврди дека ќе го купи Манчестер јунајтед и е подготвен да плати 4,5 милијарди фунти за клубот.

Во ноември 2022 година, семејството Глејзер, кое е сопственик на Манчестер јунајтед од 2005 година, ја објави својата намера да го продаде клубот. зс/

Остани поврзан