• четврток, 22 февруари 2024

Британската Влада постигна договор со здравствените синдикати

Британската Влада постигна договор со здравствените синдикати

Лондон, 27 ноември 2023 (МИА) – Британската влада по неколкунеделни преговори со здравствените синдикати постигна договор со кој може да се прекине серијата штрајкови, соопшти Министерството за здравство.

Покрај зголемувањето на платите од шест отсто годинава, Министерството понудило зголемување на платите на лекарите со подолг стаж за уште 4,95 отсто, а синдикалните лидери се согласиле членството да гласа за тоа.

Лекарите велат дека во последните 14 години платата им паднала за една третина поради инфлацијата и зголемените трошоци за живот.

Годинава големи нарушувања во работата на болниците низ Англија предизвика само едно 48-часовно запирање на работата на илјадници лекари со подолг стаж кои бараат од Владата подобри плати и услови за работа.

Овогодишниот штрајк изврши дополнителен притисок врз Националната здравствена служба на британската држава, која е нема доволно ниту финансии ниту персонал, што предизвикува откажување на стотици илјади прегледи во болниците. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан