• понеделник, 01 јули 2024

Бреша го избрка Балотели

Бреша го избрка Балотели
Бреша, 6 јуни 2020 (МИА) - Италијанските медиуми пишуваат дека Бреша еднострано го раскинала договорот со Марио Балотели со непосреден ефект. Според голем број на сигурни извори, сопственикот на клубот Масимо Селино посакал да го раскине тригодишниот договор на напаѓачот роден во овој град. Поранешниот играч на Ливерпул и Манчестер Сити дојде во Бреша минатото лето, но проблемите со неговото однесување надвор од терените уште еднаш ќе доведат до предвремено разделување од клубот.

Тагови

Остани поврзан