• недела, 22 декември 2024

Бреша: Балотели тежи 100 килограми, затоа не игра

Бреша: Балотели тежи 100 килограми, затоа не игра
Бреша, 10 јули 2020 (МИА) - Продолжува конфликтот меѓу Бреша и Марио Балотели. Клубот е експлицитен во намерата дека поранешниот член на италијанската репрезентација мора да замине, но тој не го сака тоа. Балотели беше исклучен од тимот уште порано, тој ниту игра, ниту тренира со тимот, сето тоа заради конфликтот околу новиот договор. Како и да е, Бреша на свој начин реши да и претстави на фудбалската јавност колку е непрофесионален Супермарио, објавувајќи на официјалната веб-страница дека тежи неверојатни 99,8 килограми. Тоа е дури осум килограми повеќе од неговата висина, така што тоа е единствената причина што тој не е ниту во можност да тренира. Нема сомнение дека контроверзниот Балотели ќе возврати наскоро, останува да се види како ќе го стори тоа.

Тагови

Остани поврзан