• среда, 15 мај 2024

Брегалница ја победи Академија Пандев на отворањето на 12.коло од ПМФЛ

Брегалница ја победи Академија Пандев на отворањето на 12.коло од ПМФЛ
Штип, 25 октомври 2022 (МИА) – Во првиот натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница од Штип попладнево на домашен терен ја победи Академија Пандев со 1:0. Струмичани ја продолжуваат „црната“ серија без победа која трае два месеца, а не помогна ниту враќањето на Александар Васовски на тренерското место. Брегалница која до триумфот дојде со голот на Дарко Додев во 62. минута ја забележа четвртата победа оваа сезона. Другите натпревари од 12.коло се играат утре. Двојките се: Скопје - Шкендија Победа - Струга Работнички - Силекс Шкупи - Тиквеш. Слободна во ова коло е екипата на Македонија ЃП. Табела: Струга 25 бодови, Шкендија 19, Шкупи 18, Силекс 18, Тиквеш 16, Брегалница 15, Македонија ЃП 12, Работнички 11, Академија Пандев 8, Победа 8, Скопје 5. зс/

Остани поврзан