Бранденбуршката порта вечерва осветлена во боите на израелското знаме
- Германскиот канцелар Олаф Шолц на својот профил на Х објави статус на кој напиша: „Во солидарност со Израел“

Берлин, 7 октомври 2023 (МИА) - Бранденбуршката порта во Берлин вечерва е осветлена во боите на израелското знаме, во знак на солидарност по денешниот разурувачки напад на милитантите од Хамас врз Израел, што резултираше со стотици смртни и над илјада повредени Израелци.
Германскиот канцелар Олаф Шолц на својот профил на Х објави статус на кој напиша: „Во солидарност со Израел“.
Германија претходно на своите државјани им препорача да не патуваат во Израел. сд/
фото:Х