• четврток, 21 ноември 2024

Бразил без Нејмар во завршницата на мундијалските квалификации

Бразил без Нејмар во завршницата на мундијалските квалификации


Сао Паоло, 2 ноември 2024 (МИА) – Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар по повеќе од една година пауза се врати на теренот по повредата на вкрстените лигаменти на коленото, но не се најде на списокот на репрезентацијата на Бразил за двата последни квалификациски натпревари за Светското првенство 2026.
Селекторот на бразилската репрезентација Доривал Жуниор не го вклучи поранешниот играч на Барселона и ПСЖ во составот на петкратните светски шампиони за натпреварите против Венецуела на 14 ноември и Уругвај пет денови подоцна.
Нејмар (32) се врати во игра за клубот од Саудиска Арабија Ал-Хилал на 21 октомври во натпревар од азиската Лига на шампиони.
Бразил е на четвртата позиција во јужноамериканските квалификации, со шест бодови помалку од лидерот Аргентина по 10 одиграни кола. Најдобрите шест репрезентации обезбедуваат директен пласман на Светското првенство во 2026 година. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан