• среда, 10 јули 2024

Бразилецот Луис заминува од Астон Вила

Бразилецот Луис заминува од Астон Вила


Бирмингем, 10 јуни 2024 (МИА) – Премиерлигашот Астон Вила ќе се раздели ова лето со 26-годишниот Бразилец Даглас Луис, кој дојде во тимот од Бирмингем во 2019 година и одигра 53 натпревари на кои постигна десет голови.
Астон Вила се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите, а тренерот Унаи Емери ќе бара нови засилувања на својот тим.
Со парите од продажбата на Луис ќе се привлечат нови играчи, кои ќе треба да ги пополнат проблемите со кратката клупа на Астон Вила, пренесуваат денеска англиските медиуми.
Според истите извори, Астон Вила за својот бразилски играч од средниот ред ќе бара најмалку 50 милиони евра.
Интерес за Луис покажуваат Арсенал и Јувентус. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан