• среда, 25 декември 2024

Бошњачки демократски сојуз со свој предлог за измени на Изборниот законик

Бошњачки демократски сојуз со свој предлог за измени на Изборниот законик
Скопје, 31 март 2021 Сегашниот изборен модел не овозможува односно не гарантира етничките заедници да можат непосредно да избираат свои претставници. Партиите на етничките заедници се принудени да учествуваат во предизборни коалиции, во спротивно немаат никакви шанси за влез во Собранието на Република Северна Македонија. Поради ова предизборно коалицирање овие партии немаат политички легитимитет да ги претставуваат своите етнички заедници. Во врска за политичката положба на етничките заедници кои се под 20%, во извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2018 меѓу другото стои: „Етничките заедници што се помалку од 20 % од населението не се доволно вклучени во креирањето на политиките и одлучувањето на национално ниво.“ Врзано за оваа препорака на Европската комисија до денешен ден ништо не е преземено, а Бошњаците како и останатите помали етнички заедници во Република Северна Македонија се соочени со овој проблем кој до сега ниедна политичка гарнитура не сакаше да го реши. Водени од оваа констатација, Бошњачки демократски сојуз покрена инцијатива за изменување и дополнување на Изборниот законик и истата ја достави во писмена форма до Собранието на Република Северна Македонија. Од страна на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија добиено е известување бр.08-3265/2 од 16.05.2018 година во кое стои дека иницијативата за изменување и дополнување на Изборниот законик е добиена и дека е доставена до пратениците. Бошњачки демократски сојуз очекуваше дека ќе се разгледа доставената иницијатива и за таа цел подготви Предлог за изменување и дополнување на Изборниот законик на Република Северна Македонија. До денешен ден Собранието на Република Северна Македонија не ја разгледуваше иницијативата на Бошњачки демократски сојуз за изменување и дополнување на Изборниот законик. На 27.05.2019 година до претседателот на Република Северна Македонија го доставивме нашиот предлог за изменување и дополнување на Изборниот законик со образлижение за причините зошто бараме истото да биде имплементирано. Претседателот на Републиката генерално даде поддршка на нашата иницијатива и за истото сме му благодарни но како што знаете неговите надлежности во врска со решавање на ова прашање се ограничени. Доставените предлози на Бошњачки демократски сојуз за измена и дополна на Изборниот законик беа изработени врз база на косовскиот и нему слични модели за загарантирани пратенички места со цел да им се обезбеди правото на граѓаните кои се припадниците на други помалубројни народи да можат непосредно да избираат свои претставници во Собранието на Република Северна Македонија кои ќе се грижат за нивните национални права. Во прилог на овој акт Ви доставуваме предлог на Бошњачки демократски сојуз и очекуваме дека ќе го земете во предвид при донесување на најавените одлуки за измени и дополни на Изборниот законик на Република Северна Македонија. 1. Избор на пратенци во Собрание на Република Северна Македонија Избор на пратенции предлагаме да се врши во еден круг и во една изборна единица. Избирачкиот лист би се состоел од два дела и тоа: - Основна листа за избор на 120 пратеници и - Дополнителна листа за избор на 20 пратеници. Граѓаните ќе можат да гласаат на избирачкиот лист само на една од двете понудени листи, а доколку гласаат за двете листи, избирачкиот лист ќе се смета за неважечки. Со еден избирачки лист ќе се обезбеди тајноста на определбата на гласачот, односно гласачот ќе може да одбере на која листа од понудените ќе гласа. 1.1. Основна листа за избор на 120 пратеници на Собрание на Република Северна Македонија На Основната листа предлагаме да учествуваат сите македонски, албански и граѓанските партии. Гласачите би гласале за партија, коалиција или независна кандидатска листа за пратеници, а потребниот број на гласачи за избор на еден пратеник би се пресметувал како количник на вкупниот број на важечки гласови поделен со бројот на пратеници кој се бира односно 120. Објаснување за начинот на пресметување на мандати за избор на пратеници на Основната листа: На пример: 720.000 граѓани гласале на Основната листа (само важечки, без неважечки гласови) за вкупно 6 партии, коалиции или независни кандидатски листи за пратеници и тоа: - 1. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 364.000 гласови, - 2. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 302.500 гласови, - 3. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 36.000 гласови, - 4. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 14.000 гласови, - 5. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 2.500 гласови и - 6. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 1.000 гласови. Во овој случај, 720.000 важечки гласови се делат со бројот 120 (број на пратеници кој се избира) и ќе се добие бројот 6.000 кој претставува вкупен број на добиени гласови потребен за избор на 1 пратеник, односно освоените гласови се пресметуваат во пратеници според следното: - 1. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) има 60 пратеници (364.000 гласови поделени со 6.000 = 60 пратеници и остануваат 4.000 гласови), - 2. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) има 50 пратеници (302.500 гласови поделени со 6.000 = 50 пратеници и остануваат 2.500 гласови), - 3. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) има 6 пратеници (36.000 гласови поделени со 6.000 = 6 пратеници и остануваат 0 гласови), - 4. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) има 2 пратеници (14.000 гласови поделени со 6.000 = 2 пратеници и остануваат 2.000 гласови), - 5. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) има 0 пратеници (2.500 гласови поделени со 6.000 = 0 пратеници и остануваат 2.500 гласови) и - 6. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) има 0 пратеници (1.000 гласови поделени со 6.000 = 0 пратеници и остануваат 1.000 гласови). Вкупно се распределени 118 пратеници, а 2 пратеници ќе бидат одредени од останатите 12.000 освоени гласови кои се рангирани според следното: - Прва со 4.000 гласови е 1. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА), - Втора со 2.500 гласови е 2. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА), - Трета со 2.500 гласови е 5. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА), - Четврта со 2.000 гласови е 4. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА), - Пета со 1.000 гласови е 6. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) и - Шеста со 0 гласови е 3. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА). Овие освоени гласови (12.000) се претвораат во пратенички мандати на следниот начин: - 1. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) добива уште еден пратеник затоа што има најголем број на освоени нераспоредени гласови, - 2. и 5. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) како второ пласирани имаат ист број на освоени нераспоредени гласови (по 2.500) и во овој случај пратеничкиот мандат ќе биде доделен јавно со жрепка на ДИК на која би присуствувале и претставници на овие партии (коалиции) и - 4. и 6. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) како четврто и пето пласирани не добиваат дополнителни пратеници. 120 пратенички мандати на Основната листа би биле доделени според следното: - 1. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 364.000 гласови = 61 пратеник, - 2. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 302.500 гласови = 50 пратеници, - 3. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 36.000 гласови = 6 пратеници, - 4. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 14.000 гласови = 2 пратеници, - 5. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 2.500 гласови = 1 пратеник (добиен на жрепка) и - 6. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 1.000 гласови = 0 пратеници. ВКУПНО: 120 пратеници, а фактички само 5.500 гласови се пропаднати - од кои 2.500 на 2. ПАРТИЈА (КОАЛИЦИЈА), 2.000 на 4. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) и 1.000 на 6. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) што е секогаш < од бројот на гласови потребен за избор на 1 пратеник кој во овој случај изнесува 6.000. 1.2. Дополнителна листа за избор на 20 пратеници на Собрание на Република Северна Македонија На Дополнителната листа предлагаме да учествуваат сите партии, независни листи и коалиции на граѓани на Република Северна Македонија кои се припадници на народите наведени во Уставот на Република Северна Македонија и на останатите народи. Партиите и коалициите за избор на оваа листа предлагаме да бидат распоределени во 6 (шест) групи и тоа: - Турска група (со 6 гарантирани пратенички места) - во која би учествувале турски партии и коалиции од Република Северна Македонија со по 12 кандидати од кои 6 би се бирале за пратеници во Собранието; - Ромска група (со 4 гарантирани пратенички места) - во која би учествувале ромски партии и коалиции од Република Северна Македонија со по 8 кандидати од кои 4 би се бирале за пратеници во Собранието; - Српска група (со 3 гарантирани пратенички места) - во која би учествувале српски партии и коалиции од Република Северна Македонија со по 6 кандидати од кои 3 би се бирале за пратеници во Собранието; - Бошњачка група (со 3 гарантирани пратенички места) - во која би учествувале бошњачки партии и коалиции од Република Северна Македонија со по 6 кандидати од кои 3 би се бирале за пратеници во Собранието; - Влашка група (со 1 гарантирано пратеничко место) - во која би учествувале влашки партии и коалиции од Република Северна Македонија со по 2 кандидати од кои 1 би се бирал за пратеник во Собранието и - Група на други народи (со 3 гарантирани пратенички места) - во која би учествувале партии и коалиции од Република Северна Македонија кои ги застапуваат граѓаните на Република Северна Македонија кои се припадници на другит народи (Бугари, Египќани, Црногорци, Хрвати, Грци и други) со по 6 кандидати од кои 3 би се бирале за пратеници во Собранието. На Дополнителната листа гласачите би гласале за една партија (коалиција) наведена во една од наведените групи, а потребен број на гласови за избор на еден пратеник би се пресметувал за секоја група одделно како количник на вкупниот број на важечки гласови и бројот на грантирани пратеници кој се бира во групата. Објаснување за начинот на пресметување на мандати за избор на пратеници на Дополнителната листа во Бошњачката група: На пример: 12.000 граѓани гласале на Дополнителната листа во Бошњачката група (само важечки, без неважечки гласови) за вкупно 3 партии, коалиции или независни кандидатски листи за пратеници и тоа: - 1. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 5.500 гласови, - 2. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 4.300 гласови и - 3. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 2.200 гласови. Во овој случај, 12.000 важечки гласови се делат со бројот 3 (број на пратеници кој се избира) и ќе се добие бројот 4.000 кој претставува вкупен број на добиени гласови потребен за избор на 1 пратеник, односно освоените гласови се пресметуваат во пратеници според следното: - 1. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) има 1 пратеник (5.500 гласови поделени со 4.000 = 1 пратеник и остануваат 1.500 гласови), - 2. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) има 1 пратеник (4.300 гласови поделени со 4.000 = 1 пратеник и остануваат 300 гласови) и - 3. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) има 0 пратеници (2.200 гласови поделени со 4.000 = 0 пратеници и остануваат 2.200 гласови). Вкупно се распределени 2 пратеници, а 1 пратеник ќе биде одреден од останатите 4.000 освоени гласови кои се рангирани според следното: - Прва со 2.200 гласови е 3. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА), - Втора со 1.500 гласови е 1. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА), - Трета со 300 гласови е 2. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА). Овие освоени гласови (4.000) се претвораат во пратенички мандати на следниот начин: - 3. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) добива еден пратеник затоа што има најголем број на освоени нераспоредени гласови, а - 1. и 2. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) не добиваат пратеници. 3 пратенички мандати на Дополнителната листа во Бошњачката група би биле доделени според следното: - 1. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 5.500 гласови = 1 пратеник, - 2. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 4.300 гласови = 1 пратеник, - 3. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) со 2.200 гласови = 1 пратеник. ВКУПНО: 3 пратеници, а фактички само 1.800 гласови се пропаднати - од кои 1.500 на 1. ПАРТИЈА (КОАЛИЦИЈА) и 300 на 2. ПАРТИЈА (КОАЛЦИЈА) што е секогаш < од бројот на гласови потребен за избор на 1 пратеник кој во овој случај изнесува 4.000. 1.3. Заклучок за предложениот изборен модел за пратеници 1) Македонските и граѓанските партии имаат можност да се борат за 80 до 90 пратенички места што е сосема објективно имајќи во предвид дека вкупниот број на пратенички места е 140, а овој број изнесува околу 64% кој е идентичен со бројот на Македонците според резултатите од пописот на населението од 2002 година. 2) Албанските партии имаат можност да се борат за 30 до 40 пратенички места што кореспондира со податоците од нивната етничка застапеност во Република Северна Македонија. 3) Грантираните пратенички места, кои се вкупно 20 се отприлика 11% колку што изнесува вкупната бројка на припадници на други народи кои живеат во Република Северна Македонија, а кои не се Македонци и Албанци. 4) Бадинтерово мнозинство е реално и сега би изнесувало околу 50, што значи дека 2/3 од пратениците се 94 од кои Бадинтерово мнозинство би изнесувало 26 и може лесно да се обезбеди затоа што е реално. 5) Владите би биле со стабилно мнозинство, затоа што пред изборни коалиции нема потреба да има, а партијата која ќе победи на изборите скоро секогаш ќе може да смета на 20 пратеници од Дополнителната листа плус на мнозинска партија од албанките партии што во најлоша ситуација би било околу 35 пратеници, а за да се обезбеди мнозинство потребни се 71 пратеник што значи дека и македонско-граѓанскиот блок би требало да учествува со минимум 36 пратеници и мнозинството би се постигнало без проблеми. 6) Предност на овој модел е што многу мал број на гласови пропаѓаат, а исто така им се овозможува на помалите партии да влезат самостојно во Собранието и на граѓаните кои припаѓаат на помалубројните народи им е овозможено непосредно да ги бираат свои политички претставници во Собранието на Република Северна Македонија кои ќе се залагаат за нивните национални права. 7) Овој предлог ја осликува реалната политичка состојба во нашата држава. 2. Избор на градоначалници и советници во градот Скопје и во единиците на локална самоуправа во Република Северна Македонија Предлагаме измена на изборниот законик со кој ќе се обезбеди избор на градоначалници да се врши во еден круг по принципот на освоени најголем број на гласови од сите кандидати. Изборот на советници предлагаме да остане според постоечката регулатива. 3. Гласање на граѓани на Република Северна Македонија кои работат во странство. Бошњачки демократски сојуз предлага промена на изборниот законик со цел граѓаните на Република Северна Македонија кои работат во странство и кои имаат пријавено живеалиште во Република Северна Македонија да можат да гласаат на парламентарни и локални избори во ДКП на Република Северна Македонија или електронски преку користење на соодветен линк за гласање преку интернет. Бошњачки демократски сојуз __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан