• петок, 05 декември 2025

Бошко Ѓуровски се чувствува добро, по моменталниот колапс на комеморацијата на Миловановиќ

Бошко Ѓуровски се чувствува добро, по моменталниот колапс на комеморацијата на Миловановиќ

Белград, 20 септември 2025 (МИА) – Македонската фудбалска легенда Бошко Ѓуровски е во добра здравствена состојба, откако се онесвести за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ.

Првичните информации кои ги објавија српските медиуми за здравствена состојба на Ѓуровски се охрабрувачки. 

Неофицијално, Ѓуровски доживеал моментален колапс бидејќи бил видно потресен за време на говорот.

Сепак, целосната здравствената состојба на Ѓуровски ќе биде позната по деталните медицински  прегледите на кои ќе биде изложен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан