• понеделник, 04 ноември 2024

Бошков од Штип : Мора да се работи на подопбрување на условите за работа на работниците

Бошков од Штип : Мора да се работи на подопбрување на условите за работа на работниците

Штип, 4 октомври 2024 (МИА) - Тоне работната сила, капацитетот и продуктивноста оти не се развиваат политики за зачувување и развој на работниците истакна денеска од „Текстилијада 8“ во Штип,  Миле Бошков, од Бизнис конфедерацијата на Македонија. Тој вели дека мора да се работи на перспективи за подобрување на условите за работа на работниците со цел да се задржат во државата и да може да работат и придонесуваат во развојот на истата.

-Мораме да кажеме дека сме свесни како бизнис заедница, тоне работната сила, капацитетот и продуктивноста оти не се развиват политики за зачувување на работниците, нивно развивање, а од друга страна и за нивна безбедност. Она што ќе се работи се предизвицте што нѐ очекува, кои ни се перспективите, вели Бошков.

Покрај работниците, новите производи и реконструирање на текстилното производство, мора да се најде начин како да се грижиме за животната средина и регионот, посочи Бошков. Но, неопходен е и новиот Закон за работни односи кој стои во фиока.

-Можеби ќе треба да останеме на варијанта од претходниот Закон и варијанта од преговорите, доколку немаме време да го преработиме целиот. Крши многу работнички права ама ќе гледаме да им се вратат работнички права на работниците, изјави Бошков.

Тој додаде дека поголем дел од компаниите кои ќе бидат поддржани во иднина од Фондот за иновации треба да бидат од текстилната индустрија. Дека поддршка има и ќе има потврди и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Никола Додов.

-Како фонд поддржуваме компании кои помагаат во развој на индустриите, а текстилната  е втора најголема индустрија во државата, изјави  Додов.

Тој на денешната дебата на „Тесктилијада“ потенцираше дека Фондот за иновации има поддржано преку 1.100 проекти, а над 50 компании се формирани од млади ентузијасти. вдј/нд/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан