• среда, 26 јуни 2024

Бостон го победи Далас и во вториот натпревар од финалето на НБА

Бостон го победи Далас и во вториот натпревар од финалето на НБА

Бостон, 10 јуни 2024 (МИА) - Бостон Селтикс се се поблиску до својата прва титула по 2008 година. Тимот го доби и вториот натпревар од финалето на НБА против Далас Маверикс, овојпат со 105:98. Домаќините во најголем дел го контролираа натпреварот, а нивното опуштање на крајот не се покажа фатално.

Џру Холидеј го предводеше Бостон со 26 поени и 11 скока. Џејлен Браун додаде 21 поен и 7 асистенции, а Џејсон Тејтум постигна 18 поени и 12 асистенции. Дерик Вајт исто така заврши со 18 поени, а Кристапс Порзингис имаше 12 за деветтата последователна победа на Селтикс во плејофот.

Лука Дончиќ даде се од себе и забележа трипл-дабл со 32 поени, 11 скока и 11 асистенции, но не доби доволно поддршка од соиграчите. Пи Џеј Вашингтон постигна 17 поени, а Кајри Ирвинг го заврши натпреварот со 16. Далас заостануваше минимално на паузата (51:54) и водеше кратко на почетокот на третата четвртина, а потоа не можеше да ги спречи ѕвездите на Бостон.

Дончиќ и Ирвинг направија комбинирани 10 фаули, а Далас промаши 8 удари од „пенал“ линија. Бостон погоди само 10 од 39 обиди од далечина, но зграпчи 10 офанзивни скока и тоа допринесе за успехот.

Третиот натпревар од финалната серија се игра в четврток во Далас. дс

Фото: НБА

Остани поврзан