Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак
- Борците на Курдска работничка партија (ПКК) денеска церемонијално почнаа да го предаваат оружјето во северниот ирачки град Сулејманија. Неколку часа пред почетокот на церемонијата, локалните власти соопштија дека собориле два дрона во близина на позициите на ПКК

Анкара, 11 јули 2025 (МИА) – Борците на Курдска работничка партија (ПКК) денеска церемонијално почнаа да го предаваат оружјето во северниот ирачки град Сулејманија. Неколку часа пред почетокот на церемонијата, локалните власти соопштија дека собориле два дрона во близина на позициите на ПКК.
Лидерот на ПКК, Абдула Оџалан во февруари побара партијата да го положи оружјето и да се самораспушти. ПКК на 1 март објави прекин на огнот со Турција, по апелот на Оџалан, кој 26 години отслужува доживотна казна на островот Имрали во близина на Истанбул.
На почетокот од месецот ПКК најави разоружување и на нејзините борци во северен Ирак.
Владата на Ирак минатата година воведе официјална забрана за ПКК, која во Турција, но и од нејзините сојузници е прогласена за терористичка организација.
Повеќе од 40.000 луѓе се убиени откако ПКК ја почна својата борба во 1984 година со цел да се создаде етничка татковина за Курдите. ПКК сега бара поголема автономија во југоисточна Турција и поголеми права за Курдите, како и ослободување на Оџалан. Мировниот процес меѓу Турција и ПКК пропадна пред десет години. ми/
фото: МИА архива