• петок, 12 декември 2025

Седум египетски студенти се удавија во морето во близина на Алскандрија

Седум египетски студенти се удавија во морето во близина на Алскандрија

Каиро, 24 август 2025 (МИА) - Седум студенти се удавија во водите на Средоземното Море покрај брегот на египетскиот град Александрија, објавија локалните медиуми.

Египетското Министерство за здравство соопшти дека телата шест удавени студенти се пронајднеи вчера, а едно денеска покрај плажа во областа ал-Аџами во западна Александрија.

Дваесет и четири лица се спасени и пренесени во болница.

Според египетските медиуми, настраданите биле дел од група од околу 147 студенти од покраината Сохаг во јужен Египет кои дошле во Александрија на летен курс.

Трагедијата се случила откако една студентка влегла во морето среде силни бранови, и покрај забраната за пливање означена со црвено предупредувачко знаме на плажата. Обидувајќи се да ја спасат, многу од нејзините колеги скокнале во водата, а неколкумина исчезнале во брановите. Настраданите се на возраст од 15 до 21 година.са/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан