• четврток, 16 април 2026

Повеќе од 20 загинати во напади врз станбени згради во Иран

Повеќе од 20 загинати во напади врз станбени згради во Иран

Техеран, 27 март 2026 (МИА) – Повеќе од 20 цивили загинаа во напади врз станбени области во иранскиот главен град Техеран и во курдската провинција Керманшах, пренесе ДПА повикувајќи се на медиумските извештаи.

Во Техеран, 10 жители на станбен комплекс во областа Шахр-е Реј загинаа во ракетен напад, јави денеска државната новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на портпарол на противпожарната служба.

Во градот Керманшах, во западниот дел на земјата, биле нападнати повеќе од 10 станбени единици, соопшти канцеларијата на гувернерот. Тринаесет лица се убиени, меѓу кои и две деца.

Имаше и напади врз двете челичарници во Исфахан (централен Иран) и Ахваз (југозападен Иран). Делови од системите за напојување со електрична енергија и една работилница во двете фабрики се наводно оштетени. Според извештаите, во Исфахан има едно загинато лице и двајца повредени. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан