• среда, 15 мај 2024

Борусија Дортмунд е подготвена да му понуди значително зголемување на платата на Белингам

Борусија Дортмунд е подготвена да му понуди значително зголемување на платата на Белингам

Дортмунд, 28 март 2023 (МИА) - Борусија Дортмунд е подготвена да му понуди на играчот од средниот ред Џуд Белингам зголемување на платата за 150 отсто.

 

Според „Билд“, клубот на секој начин сака да го задржи 19-годишниот играч долго време. Се верува дека Реал Мадрид, Манчестер сити и Ливерпул се во „лов“ на англискиот фудбалер.

 

Актуелниот договор на играчот од средниот ред со германскиот клуб е до летото 2025 година.

 

Англичанецот оваа сезона забележа 34 настапи за Борусија Дортмунд, постигна 10 голови и шест асистенции.

 

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 110 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан