• петок, 22 ноември 2024

Борисов: Доколку Петков и Василев учествуваат во владата, ние ќе предложиме наши видни личности

Борисов: Доколку Петков и Василев учествуваат во владата, ние ќе предложиме наши видни личности

Софија, 28 април 2023 (МИА) - Доколку Асен Василев и Кирил Петков учествуваат во новиот владин кабинет, ние ќе понудиме наши видни личности, како Дељан Добрев, Томислав Дончев...., изјави лидерот на коалицијата „ГЕРБ-СДС“ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, по неколкуте дена преговори со второпласираната коалиција на последните парламентарни избори “„ПП-ДБ“, што се чинеа за плодни, затоа што е усогласена законодавната програма, а во моментов се преговара и за владината програма и личностите кои ќе бидат застапени во неа.  

На овој начин, Борисов одговори на новинарско прашање дали Василев и Петков се прифатливи за ГЕРБ-СДС во евентуалниот владин кабинет, за што веќе има шпекулации по медиумите.

-Мислам дека коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ гледа дека никој не е подобро подготвен од мене да биде премиер, но јас се повлеков за да дадам шанса за влада, коментира Борисов.

Затоа, смета тој, и Петков и Василев треба да го сторат истото, за да има можност за програмски, експертски кабинет, кој врз основа на одговорност ќе раководи во следните четири години.

-Ако имаме буџет и програма, мислам дека ако ги расчистиме емоциите, ќе се договориме и за поединците, истакна лидерот на ГЕРБ. сд/

Остани поврзан