• вторник, 05 ноември 2024

Борел: Србија повторно неусогласена со рестриктивните мерки на ЕУ поради нелегалната анексија на Крим и Севастопол

Борел: Србија повторно неусогласена со рестриктивните мерки на ЕУ поради нелегалната анексија на Крим и Севастопол

Белград, 18 септември 2023 (МИА) - Србија повторно е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ на Западен Балкан која се нема усогласено со новата надворешнополитичка одлука на Советот на ЕУ, која се однесува на рестриктивни мерки поради нелегалната руска анексија на Крим и Севастопол, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на 19 јуни Советот на ЕУ ја усвоил одлуката (ЦФСП) 2023/1188, со која се дополнува претходната одлука од 2014 година и се продолжуваат рестриктивните мерки поради анексијата на Крим и Севастопол до 23.06.2024 година.

Со новата одлука на Советот на ЕУ, се усогласија сите други земји-кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан - Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, кои ќе обезбедат нивните национални политики да бидат во согласност со тоа, а ЕУ ја забележува оваа обврска и ја поздравува. об/сд/

Остани поврзан