Борел не ја исклучува можноста за воведување казнени мерки против властите во Србија
- Брисел внимателно следи дали Србија ги исполнува барањата на ЕУ за смирување на тензиите на северот на Косово и доколку оцени дека Белград не ги почитува, ЕУ е подготвена да размисли за воведување казнени мерки против властите во Србија, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
Брисел, 29 септември 2023 (МИА) - Брисел внимателно следи дали Србија ги исполнува барањата на ЕУ за смирување на тензиите на северот на Косово и доколку оцени дека Белград не ги почитува, ЕУ е подготвена да размисли за воведување казнени мерки против властите во Србија, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
- Преземени се мерки во врска со Косово. Станува збор за политички и финансиски мерки, меѓу кои се и запирање на посетите и настаните на високо ниво, освен Дијалогот што го води ЕУ. Тие мерки имаат влијание и врз финансиската поддршка за Косово. Суспензијата е привремена и реверзибилна и ќе биде укината штом има деескалација на теренот. Во исто време, внимателно следиме дали Србија ги исполнува барањата на ЕУ и во случај на непочитување, ЕУ е подготвена да разгледа мерки, рече Борел.
Како одговор на пратеничко прашање поставено уште во јуни, по конфликтот пред општинските згради на северот на Косово, тој повтори дека „деескалација мора да се случи сега, од двете страни“ и дека насилните дејствија како оној во мај 29 се „целосно неприфатливи и не можат да се повторат во иднина“. ссм/
фото: архива