• недела, 22 декември 2024

Борел: Мисијата на ЕУ во Црвеното Море одби 11 напади врз бродови

Борел: Мисијата на ЕУ во Црвеното Море одби 11 напади врз бродови

Брисел, 8 април 2024 (МИА) - Поморската мисија на Европската Унија во Црвеното Море одби напади врз 11 цивилни бродови од покренувањето на крајот на февруари, изјави шефот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел.

Хутите поддржани од Иран, кои контролираат голем дел од воено разурнатиот Јемен, од ноември ја гаѓаат виталната бродска рута во кампања за која велат дека е во знак на солидарност со Палестинците за време на војната во Газа.

„За помалку од два месеци од почетокот на операцијата, следевме 68 пловни објекти и одбивме 11 напади“, рече Борељ.

Грчкиот командант Василејос Грипарис вели дека тоа вклучувало соборување на девет беспилотни летала, еден поморски дрон и четири противбродски балистички проектили. ссм/

фото: архива

Остани поврзан