Борел заминува на петдневна блискоисточна турнеја
- Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел од денеска до недела ќе престојува во посета на регионот на Блискиот Исток.
Брисел, 20 ноември 2024 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел од денеска до недела ќе престојува во посета на регионот на Блискиот Исток.
Предвидено е денеска Борел да престојува во јорданскиот главен град Аман, каде ќе има аудиенција кај кралот Абдулах Втори, по што ќе има обраќање на Универзитетот на Јордан.
Утре Борел се сретне со јорданскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ајман Сафади, по што ќе има средба и со група палестински лидери.
В петок, Борел ќе замине Кипар, каде следниот ден ќе биде главен говорник на форумот на Коалицијата на две држави за Израел/Палестина, на кој ќе учествуваат претставници на израелското и палестинското граѓанско општество.
Од Никозија, Борел в недела ќе отпатува за Бејрут, каде ќе има средби со либанскиот премиер Наџиб Микати, со претседателот на Парламентот Набих Бери, со командантот на Вооружени сили на Либам, Јозеф Аун и со претставници на Обединетите нации во земјата.
Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, во услови на катастрофалната ситуација во Газа и воената ескалација во Либан, главна цел на турнејата на Борел ќе биде продолжување на разговорите меѓу ЕУ и партнерите од регионот за можниот напредок кон воспоставување на одржлив прекин на огнот и кон започнување на долгорочен мировен процес за Блискиот Исток заснован на решението за постоење на две држави – Израел и Палестина. сп/
Фото: МИА Архива