• понеделник, 23 декември 2024

Болсонаро се враќа во Бразил, нема да ја предводи опозицијата

Болсонаро се враќа во Бразил, нема да ја предводи опозицијата

Бразилија, 30 март 2023 (МИА) – Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, се враќа во земјата по тримесечниот престој во САД, решен да игра голема политичка улога во својата татковина, откако актуелниот претседател Луис Инасио Лула да Силва извојува тесна победа на последните претседателски избори, што се одржаа во октомври.

Екстремно десничарскиот поранешен претседател, кој се наоѓа под серија истраги, по враќањето во земјата ќе се соочи со  правни постапки, а можно е и негово притворање.

Болсонаро го напушти Бразил на 30 декември, уште пред истекот на мандатот, бојкотирајќи ја церемонијата на инаугурација на Луис Инасио Лула да Силва, на кого, според протоколот, требаше да му ја предаде претседателската лента.

-Нема да ја водам опозицијата на кој било начин, ќе учествувам во политичкиот живот на мојата партија, носејќи го моето искуство“, изјави тој синоќа за Си-ен-ен Бразил на аеродромот во Орландо, пред да влезе во авионот за дома.

Со своите 68 години и по поразот со помалку од два милиони гласови што го турнаа во тишина и дури и депресија, Болсонаро минатата недела ја објави својата намера да „патува низ земјата“ и „да се вклучи во политиката“ за да ги брани бразилските ултраконзервативни вредности. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан