• недела, 22 декември 2024

Болниците во Сирија се префрлуваат на 24-часовна работа за да му помогнат на Либан

Болниците во Сирија се префрлуваат на 24-часовна работа за да му помогнат на Либан

Дамаск, 24 септември 2024 (МИА) - Службите за брза помош и медицинските установи во Сирија се ставени во 24-часовна подготвеност за да им пружат помош на граѓаните кои пристигнуваат од Либан, се наведува во соопштението на сириското Министерство за здравство.

-Во сите болници во провинциите што граничат со Либан, има наредба да се зголеми деноноќната подготвеност за давање каква било помош, се наведува во соопштението.

На граничните пунктови се испратени амбулантни возила за евакуација на повредените, заедно со лекарите специјалисти кои деноноќно дежураат на границата.

Според последните податоци, од попладнево околу 5.000 Сиријци и Либанци пристигнале во Сирија од Либан поради израелските напади, додека уште околу 2.000 луѓе чекаат да влезат.

Вчера сириската радио станица Шам ФМ објави дека голем број луѓе се упатиле кон либанско-сириската граница во областа Ал Кусеир.

Според Ургентниот центар на либанското Министерство за здравство, како резултат на израелското бомбардирање на јужен и источен Либан, загинале 558 лица, а 1.835 се повредени. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан