• четврток, 04 декември 2025

Боливија: Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија

Боливија: Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија

Ла Паз, 26 август 2025 (МИА) - Десничарскиот претседателски кандидат во Боливија, Хорхе Кирога, во интервју за француски медиуми изјави дека доколку биде избран на функцијата сите договори за продажба на литиум на Кина и Русија од страна на левичарскиот претседател во заминување Луис Арсе „нема да бидат одобрени“.

-Ние не ги признаваме договорите на Арсе и сè што направија (...) тие нема да бидат одобрени, рече овој поранешен биливиски претседател (2001-2002), кој на 19 октомври ќе се соочи со сенаторот од десниот центар Родриго Паз во вториот круг од претседателските избори.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан