Бока: Унгарското претседавање со Советот на ЕУ беше посебно, активно и стратешко
- Унгарското претседавање со Советот на Европската унија беше посебно, активно и стратешко, изјави денеска унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока.
Будимпешта, 31 декември 2024 (МИА) - Унгарското претседавање со Советот на Европската унија беше посебно, активно и стратешко, изјави денеска унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока.
„Претседавањето беше посебно затоа што имавме за цел да спроведеме одлучна и силна европска политика“, рече Бока во видео пораката на Фејсбук.
Тој оцени дека унгарското претседателство со Советот на ЕУ било активно поради низата иницијативи на Будимпешта, пренесува МТИ. рп/
Фото: МИА архива