• петок, 22 ноември 2024

Божиќна литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел

Божиќна литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел

Брисел, 7 јануари 2024 (МИА) – Неколку стотици Македонци од Белгија денеска присуствуваа на Божиќна литургија одржана во „Капелата за Европа“ во Брисел по повод христијанскиот празникот Рождество Христово – Божик.  

Литургијата, на која меѓу останатите присуствуваа и македонските амбасадори во Белгија и НАТО, Методија Белевски и Дане Талески, се одржа во организација на Црковниот одбор „Св. Пророк Илија“ од Брисел. 

Со Литургијата богослужеше отец Жарко Ѓориевски, кој беше назначен од митрополитот на Европската епархија на МПЦ-ОА, Пимен за оваа цел, како и за понатамошните активности на Црквата во Белгија и негување на македонската традиција и достоинствено чествување на православните празници. 

Литургијата заврши со читање на Божиќното послание на поглаварот на МПЦ-ОП, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан. 

По Литургијата, како што јави дописникот на МИА од Брисел, беше одржана света причест, а на присутните верници им беше поделена нафора и осветена вода.  

Инаку, ова е прва Божиќна литургија одржана за Македонците во Брисел по пауза од четири години, благодарение на ангажманот и залагањето на амбасадорот Белевски. сп/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан