• понеделник, 23 декември 2024

Богоев: СДСМ треба да има конструктивна, корективна и проактивна улога во Собранието

Богоев: СДСМ треба да има конструктивна, корективна и проактивна улога во Собранието

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев смета дека пратениците треба да дискутираат во Собрание, а не да молчат. 

- Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат! Особено на седници на кои се формира владејачко мнозинство и се бира претседател на Собрание, напиша на својот Фејсбук профил Богоев. 

СДСМ, како што наведува, треба да има конструктивна, но пред се корективна и проактивна улога во Собранието.

- Тоа мора да биде така од самиот почеток, во спротивно, други партии ќе го преземат опозицискиот простор!, објави Богоев. мд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан