• недела, 17 ноември 2024

Блинкен: САД се длабоко загрижени за нетолеранцијата на Русија кон слободата на говорот

Блинкен: САД се длабоко загрижени за нетолеранцијата на Русија кон слободата на говорот
Вашингтон, 27 февруари 2021 (МИА) - Државниот секретар Ентони Блинкен изјави дека Соединетите Американски Држави се „длабоко загрижени“ од растечката нетолеранција на Русија кон слободата на говорот, на шестата годишнина од убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов. Немцов, противник на претседателот Владимир Путин, беше убиен на мост во Москва во близина на Кремљ, на 27 февруари 2015 година. - Сè додека се сеќаваме на Немцов, ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на човековите права и основните слободи. Ние остануваме длабоко загрижени од растечката нетолеранција на руската Влада кон сите форми на независно изразување, рече Блинкен во писмена изјава. Неколку илјади Руси, заедно со западни дипломати, се собраа во Москва за да ја одбележат годишнината, положувајќи цвеќиња на импровизиран споменик на местото каде што Немцов беше убиен. Како што пренесуваат странските агенции, Блинкен му оддаде почит на Немцов како човек кој „својот живот го посвети на градењето слободна и демократска Русија“. - Оние кои зборуваат во одбрана на своите слободи и демократија во Русија и понатаму се мета на напади и убиства. Рускиот народ заслужува повеќе, додаде Блинкен. паг/  

Остани поврзан