• петок, 22 ноември 2024

Блинкен: САД „нема да мируваат“ додека Вилан не се врати дома

Блинкен: САД „нема да мируваат“ додека Вилан не се врати дома

Вашингтон, 28 декември 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД нема да мируваат додека Пол Вилан, Американецот затворен во Русија, не се врати безбедно дома.

-Предолго, Пол и неговото семејство ги трпеа последиците од одлуката на руската влада за незаконско приведување американски државјани. Користењето луѓе како политички пиони е неприфатливо, рече Блинкен, според соопштението на Стејт департментот.

Во интервју објавено од Би-Би-Си минатата недела, Вилан рече дека се чувствува „напуштен“ од Соединетите држави.

Последното ветување доаѓа откако се навршуваат пет години откако Вилан беше уапсен од руските власти.

Поранешен американски маринец отслужува 16-годишна затворска казна во Русија под обвинение за шпионажа за кои тој и САД велат дека се неосновани.

Белата куќа минатата недела соопшти дека работи на нов предлог Русија да ги ослободи Вилан и новинарот на Вол Стрит Журнал Еван Гершкович, кој се соочува со судење за шпионажа.

Русија го отфрли претходниот предлог на САД за ослободување на двајца Американци за кои САД сметаат дека се незаконски приведени. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан