• петок, 22 ноември 2024

Блинкен: Руската блокада на украинското жито можеби придонесе и за немирите во Шри Ланка

Блинкен: Руската блокада на украинското жито можеби придонесе и за немирите во Шри Ланка
Бангкок, 10 јули 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека руската рестрикција на украинското жито можеби придонела за немирите во Шри Ланка, а најверојатно ќе покрене и други кризи. - Гледаме како влијанието на руската агресија се рефлектира насекаде. Тоа можеби придонесе за ситуацијата во Шри Ланка. Загрижени сме поради нејзиното влијание врз целиот свет, истакна Блинкен на прес-конференција во Бангкок. Тој повторно побара од Русија да дозволи извоз на околу 20 милиони тони жито од Украина. - Констатираме растечка прехранбена несигурност низ целиот свет,што е значително влошена од руската агресија врз Украина, наведе Блинкен. Тој посочи и дека тоа влије и врз Тајланд каде е зголемена цената на вештачките ѓубрива. - Тоа е важно, особено во динамична земјоделска земја како Тајланд, бидејќи недостатокот на ѓубрива ќе доведе до пад на приносот на земјоделските култури следната недела, а постои и ризик од зголемување на цените, посочи американскиот државен секретар. Блинкен е во посета на Тајланд, најстариот сојузник на САД во регионот, а пристигна по состанокот на Г-20, што се одржуваше на индонезискиот остров Бали. ми/

Остани поврзан