• недела, 22 декември 2024

Блинкен повика на одлучни мерки за решавање на конфликтот во Сирија 

Блинкен повика на одлучни мерки за решавање на конфликтот во Сирија 

Вашингтон, 29 март 2021 (МИА) - Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, настапи на брифинг во Советот за безбедност на ОН, посветен на хуманитарната криза во Сирија. 

 -Овој месец се навршуваат десет години од моментот кога почнаа масовните немири во Сирија. После десет години конфликт во кој сирискиот народ претрпе огромни страдања, ситуацијата се уште е тешка, изјави Блинкен. 

Од сигурни проценки се дознава дека околу 13,4 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош, или секој трет Сириец, додаде тој. Шеесет отсто од Сиријците се буквално под закана од смрт од глад. 

 -Иако денешното заседание е посветено на хуманитарната криза во Сирија, важно е да се истакне дека единствен долгорочан начин да се стави крај на овие страдање е политичко регулирање и конечно регулирање на конфликтот, како што стои во резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, истакна Блинкен. 

Државниот секреар ја подвлече неопходноста од испорака на хуманитарна помош за Сирија и го истакна проблемот со немање одлука Советот да даде дозвола за достава на помош преку два гранични премини. Притоа, последниот дозволен граничен пункт беше бомбардиран од руски сили. 

 Блинкен повика на исправање на ситуацијата. 

 -Сегашниот пристап е неоправдан, неефикасен, непростлив. Ова директно оди во прилог на засилување на страдањата на сирискиот народ. Дозволете да предложам друг пристап: ајде повторно да дадеме дозвола за користење на двата погранични премина кои беа затворени, и повторно да дозволиме еден пограничен премин да останува секогаш отворен. кб/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан