• недела, 22 декември 2024

Блинкен на средба со Микати во Лондон: Итна потреба за решение на конфликтот во Либан

Блинкен на средба со Микати во Лондон: Итна потреба за решение на конфликтот во Либан

Лондон, 25 октомври 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Лондон се сретна со либанскиот премиер Наџиб Микати и нагласи дека има „итна потреба“ за дипломатско решение на конфликтот во Либан меѓу Израел и Хезболах. 

Важно  е луѓето од двете страни на границата да можат да се вратат во своите домови, рече Блинкен, пренесен од Скај њуз.

Блинкен денеска одвоено ќе се сретне и со министрите за надворешни работи на Јордан и на Обединетите Арапски Емирати, а се очекува тие разговори да се фокусираат на поддршка на плановите за стабилност, безбедност и закрепнување на луѓето во Газа по завршувањето на војната. 

Средбата со Микати уследи по тридневната турнеја на Блинкен на Блискиот Исток, за време на која тој ги посети Израел, Саудиска Арабија и Катар.сд/

фото:Скриншот МТВ Либан

Остани поврзан